Новости
- Новогодишни пакетиНови веб дизајн пакети. Цени - новогодишни! Имајте нов веб сајт во новата година по неверојатно ниски цени!
- Нови дизајниПогледнете ги новите професионални веб дизајни во "Economy" пакетот. Веб сајт по најпристапни цени во Македонија. [повеќе...]
- Нови веб сервериСо цел да Ви понудиме најквалитетни услуги, Studio.com.mk изврши обновување на своите сервери.
"START UP" - Веб дизајн пакет
Ако сакате брзо и лесно да го претставите Вашиот бизнис на интернет, со веб сајт што изгледа професинално, а сепак тоа да не ве чини премногу, тогаш "Start Up" пакетот е идеален избор за Вас. Овој пакет вклучува се што Ви е потребно за да го претставите Вашиот бизнис и да овозможи Вашите клиенти и посетители да воспостават контакт со Вас.
START-UP пакетот вклучува:
- Веб дизајн - по избор од понудените дизајни
- Мени до 5 линкови
- До 5 страници за Вашата веб презентација (насловна страна, контакт, за нас и уште две други страни во зависност од потребите на фирмата - пр. продукти, услуги, совети,...)
- До 20 слики + лого + слика за хедерот
- Контакт формулар
- Еднојазична верзија на веб сајтот
- Модул за новости
Други вклучени опции:
Вашиот START-UP пакет исто така ги вклучува и следниве опции:
- Алатка за самостојна промена на информациите од веб сајтот (без потреба од посебно техничко знаење или HTML)
- Бесплатна регистрација на домен (пр. www.vasdomen.com)
- До 5 e-mail адреси (пр. ime@vasdomen.com)
- Бесплатен веб хостинг за првата година што вклучува 200MB веб простор и 10GB проток (цената за наредната година е 60EUR)
- Статистика на посетеност на веб сајтот
Ова е идеално решение за оние кои сакаат да добијат:
- "се во едно" со минимален влог
- професионална услуга
- заштеда на време за поставување на материјалите на интернет
- целосна контрола над содржината на својот веб сајт
Карактеристики на "START-UP" пакетот:
- Интегрирање на доставените материјали во одбраниот дизајн и негово поставување на интернет
- Едноставен и лесен за користење онлајн едитор за самостојно обновување на содржината на веб сајтот (нема потреба од ангажирање на експерт и негово плаќање)
- Лесна промена на содржината и сликите на веб сајтот во секое време и од секое место без потреба од инсталација на посебен софтвер (доволен е само компјутер со пристап на интернет и веб прелистувач: Mozilla Firefox или Internet Explorer)
- Подршка на аудио, видео и флеш документи на Вашиот веб сајт
- Лесно управување на вести со кратка и долга содржина
- Лесно прикачување на документи за симнување од страна на крајниот корисник (пр. договори, флаери, брошури, електронски книги и сл.)
Веб дизајн процес:
- Одбирате дизајн
- Одбирате еден од понудените дизајни,
- Го пополнувате и испраќате формуларот за порачка со основните податоци за Вашата фирма
- Добивате шаблон подготвен за внесување на Вашето лого, слоган, контакт информации, слики и содржина
- Плаќате
- Го изработуваме веб сајтот
- Ние го креираме веб сајтот со основните податоци кои ни ги доставувате при регистрацијата
- Го поставуваме веб сајтот
- Вршиме регистрација на бараниот домен
- Негово поставување на интернет
- Ви доставуваме корисничко име и лозинка со кои ќе можете да се приклучите на делот за администрација на Вашиот веб сајт
- Вие го прегледувате веб сајтот
- Преку системот за администрација ги доставувате останатите потребни информаци на веб сајтот
- Го разгледувате Вашиот новокреиран веб сајт и доколку е потребно, вршиме одредени корекции
- Ние го објавуваме веб сајтот
- После Вашето одобрување, ние го активираме веб сајтот
- Вие го одржувате веб сајтот самостојно
- Преку делот за администрација, на едноставен начин ќе можете да ги вршите сите потребни промени на Вашиот веб сајт
