Новости
-
Новогодишни пакетиНови веб дизајн пакети. Цени - новогодишни! Имајте нов веб сајт во новата година за само 150EUR. [повеќе...]
-
Нови веб сервериСо цел да им понуди најквалитетни услуги и да ги задоволи потребите на своите соработници, Studio.com.mk изврши обновување на своите сервери.
Други услуги
Графички дизајн, дизајн на рекламен материјал, припрема за печатење
Покрај нашите основни услуги како што се развој и изработка на Web и CD презентации, на нашите клиенти им нудиме и други услуги.
Таму кај што постои деловна врска помеѓу фирмата и клиентот, графичкиот дизајнер би требало да е помеѓу нив. За сериозна фирма многу е важно да има лесно препознатлив и доследно применуван визуелен идентитет. Ништо не Ви вреди ако имате убаво лого, а не го ставате на Вашите визит карти, фактури, меморандуми, проспекти...
Ако сте наш клиент, не треба да се грижите за сето ова зашто ние ќе се потрудиме Вашата фирма секогаш да остава добар впечаток. Нудиме комплетна услуга - од дизајнирање на логоа, меморандуми, визит карти до печатење на рекламни брошури, плакати и календари или било каков друг рекламен материјал.
CD - презентација
Покрај изработка на Web презентации (страници), изработуваме и CD презентации, како промотивни артикли или како информативен каталог за потенцијалните купувачи. CD дисковите имаат неколку предности како што се големиот капацитет, голема брзина и не е неопходен Интернет за нивна употреба.
Користејќи ја многу поголемата брзина и капацитетот на CD-ата, како и лесното ракување, во можност сме на клиентите да им понудиме и аудио/видео секвенци, со што уште повеќе ќе им се приближите на Вашите корисници.
Online маркетинг
Развојот на Интернет не е само голем, туку и многу возбудлив. Во моментов има повеќе од 300 милиони корисници, а секој месец нивниот број расте за повеќе од 1 милион. Но, сепак, најголем дел од популацијата сеуште не е приклучен. Што значи ова за Вас? Тоа значи дека Вие имате можност да им се приклучите на милионите нови корисници, а истовремено да им ги понудите Вашите производи и услуги.
Постојат повеќе милиони сајтови на Интернет. Зошто тогаш баш Вашиот сајт да биде посетен, и уште поважно, КАКО? Кога ќе го купите нашиот промотивен пакет, ние ќе го пријавиме Вашиот Web сајт на повеќе пребарувачи. Тоа ќе го зголеми бројот на надворешни линкови до Вашата презентација, а со тоа ќе се зголеми и бројот на посетителите (потенцијални муштерии).
Постои голем број на пребарувачи на Интернет на кои ние можеме да го пријавиме Вашиот Web сајт!
