ЗОШТО НА МОЈАТА ФИРМА/АГЕНЦИЈА И Е ПОТРЕБНА
ВЕБ ПРЕЗЕНТАЦИЈА? (3)

И сепак, ако сеуште си го поставувате ова прашање, и сеуште не ви е доволен одговорот од типот „па тоа е сега модерно и популарно, многу добро и перспективно за секој бизнис, а пристапно и за оние со скромен буџет“, прочитајте:

Причини за Ваша присутност на Интернет!

24-часовна услуга
Во деловните контакти со странските партнери или клиенти, сигурно Ви се случило Вашиот партнер (клиент) да Ве бара премногу рано или премногу касно. Причината за тоа е што не се наоѓате во исти временски зони. Работењето во светски размери е отежнато затоа што Вие и Вашата фирма имате ограничено работно време. Веб страниците овозможуваат опслужување на Вашите деловни партнери 24-часа на ден и 365 дена во годината. Веб страницата ставена на Интернет не знае за одмори и викенди - работи НОН-СТОП.

Брза промена на информациите - бидете флексибилни
Денешното професионално работење бара голема динамичност. Печатените материјали бараат извесно време за да се изврши промена (припрема, печатење и дистрибуција), но често тоа време е предолго. Потребно Ви е брзо да промените одредени информации (промена на цена, телефонски броеви, адреси и сл.). Решете го тоа со помош на Web. Промената на податоците за Вашите производи и услуги на Интернет може да се изврши практично моментално, т.е. штом се одлучите што и како сакате да промените, таа информација моментално стигнува до Вашите корисници (партнери). Секако, не смеете да го пропуштите фактот дека ова ќе ве чини далеку помалку.

Специјализирани дејности
Се занимавате со рибарење, моделарство, пчеларство, уметност, падобранство? Можеби сте помислиле дека Интернет не е вистинското место за Вас!? Размислете уште еднаш! Интернет не е само за студенти, научници или информатичари. Меѓу 50.000.000 возрасни корисници секако постојат и оние кои ги интересираат работите со кои Вие се занимавате. Овозможете им на заинтересираните да дознаат нешто повеќе за Вас.

Ефикасен и достапен маркетинг
Се рекламирате? Секако - Денес сите се рекламираат.
Кој е главниот проблем? Цената!
За цената која е многу пониска од една реклама на ТВ, или една средна рекламна кампања во дневните весници и списанија, можете да добиете постојана реклама на Интернет која може да ја види цел свет.

САКАМ СВЕТОТ ДА ЗНАЕ ЗА МОЈАТА ФИРМА!

 

   
"Оној кој оди по другите не оди никаде; не наоѓа ништо зашто и не истражува!"

Монтењ
Контакт со нас: тел. 02/3063-558 070/570-708
Специјална понуда >>