ЗОШТО НА МОЈАТА ФИРМА/АГЕНЦИЈА И Е ПОТРЕБНА
ВЕБ ПРЕЗЕНТАЦИЈА? (2)

Ако сеуште си го поставувате ова прашање, а не ви е доволен одговорот од типот „па тоа е сега модерно и популарно“, прочитајте:

Причини за Ваша присутност на Интернет!

Допрете до голем број на луѓе
Големиот број на Интернет корисници секако дека претставува и голем број на потенцијални муштерии Присутноста на Интернет, претставува иднина во модерното работење.

Бидете во врска (не бидете без врска)
За успешно работење, потребно е да имате познанства со други луѓе. Секој успешен менаџер знае дека при склучување на деловни договори не е важно што знаеш, туку колку луѓе те познаваат. На овој начин, Вие сте во можност да им кажете на милиони потенцијални муштерии и партнери што работите и што можете да понудите и тоа без ограничување, 24 часа на ден.

Нови пазари
Еден од најголемите проблеми во работењето денес е презентирање на Вашите понуди на нови пазари. Како да ја доставите понудата на Вашите производи и услуги на некое место за кое не сте ни чуле дека постои? Како сето тоа да се направи со најмали можни трошоци?
    Едноставно! На Вашиот Веб сајт на Интернет може да му се пристапи од било кој дел на Македонија, но и од целиот свет, и тоа практично моментално. Можеби ќе се зачудите од каде се луѓето ќе бидат заинтересирани за Вашите услуги и производи.

Бидете на услуга на Вашите муштерии
Да се направат деловните информации достапни, е еден од најважните начини на давање услуги на Вашите муштерии. Интернет како да е измислен токму за тоа!

Контакти со добавувачите
Со помош на e-mail можете брзо да контактирате со Вашите добавувачи и да ги дознаете моменталните цени и рокови на испорака, без разлика каде тие се наоѓаат.

Меѓународни контакти
Не е потребно на Вашите потенцијални клиенти од странство да им испраќате писма или да им телефонирате. Со помош на веб страниците, Вие сте отворени за разговор со деловните партнери ширум светот, и тоа за цена на локален телефонски повик!

 

 
"Уметноста без науката е сирачe, но науката без уметноста е варварство!"

Непознат автор
Контакт со нас: тел. 02/3063-558 070/570-708
Специјална понуда >>