ЗОШТО НА МОЈАТА ФИРМА/АГЕНЦИЈА И Е ПОТРЕБНА
ВЕБ ПРЕЗЕНТАЦИЈА? (1)

Ако си го поставувате ова прашање, а не Ви е доволен одговорот од типот „па тоа е сега модерно и популарно“, прочитајте:

Причини за Ваша присутност на Интернет!

Повеќе од 50.000.000 луѓе низ целиот свет имаат пристап на Интернет. Без оглед на профилот на Вашата работа, не можете да ја игнорирате таа бројка. Да се биде присутен на Интернет е најефтиниот и наједноставниот начин своите производи и услуги да ги презентирате на своите потенцијални корисници.

Ако сте во постојан контакт со своите моментални или потенцијални муштерии, сигурно многу често давате едни и исти одговори на стандардни прашања што Ви одзема многу време, но е и премногу здодевно. Ако, барем дел од овие прашања и одговори ги поставите на Интернет, тоа ќе Ви заштеди доста време, а муштериите на интересен начин ќе го добијат бараниот одговор.

Иако се чини дека Интернет сеуште не е доволно застапен на нашите простори, и дека е мал бројот на луѓе кои го користат или имаат пристап на Интернет, мора да се признае дека нивниот број секојдневно се зголемува. Ќе признаете дека во секој момент бројот на Интернет корисници може да ја достигне критичната граница.

Ако Вие не се рекламирате на Интернет,
Вашиот конкурент сигурно ќе го направи тоа!

Интернет, како медиум со најголем раст во светот, па така и во Македонија, направен е за давање и размена на информации, презентирање на производи и услуги, за комуникација со муштериите и деловните партнери.

Вашата веб презентација е достапна 24 часа на ден / 365 дена во годината, а секоја и најмала промена на содржината (промена на цена, презентација на нови производи и услуги) е видлива веднаш.

Вашата реклама (која не мора да биде статична, може да користи текст, слика, анимација, аудио/видео,…) е глобална и својот производ може да го понуди на цел свет.

Презентирањето на Вашата фирма/агенција, Вашиот производ или услуга по пат на Интернет, е со најдобар однос цена-квалитет.

 

   

"Науката е корисна, уметноста ни дава убавина."

"Не се слика со раце туку со мозок!"

Микеланџело
Контакт со нас: тел. 02/3063-558 070/570-708
Специјална понуда >>